Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Овој месец ќе се пуштат во употреба третиот блок во РЕК Битола, и вториот блок во ТЕЦ Неготино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
rek-bitola-1

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции во континуитет преземаат мерки за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на домаќинствата, велат од СДСМ.

— реклама —

“Сите расположливи капацитети за производство на струја се активирани со цел намалување на зависноста од скап увоз на струја.

Обезбедени се доволни количества на јаглен за непречена работа на РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј.

— реклама —

Овој месец е планирано да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, како и вториот блок во ТЕЦ Неготино. Со што, сите количини на електрична енергија за јануари потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат обезбедени од домашно производство.

— реклама —

На тој начин, со активирање на сите капацитети се спречува драстичен раст на цената на струјата кон крајните корисници.

И во време на глобална енергетска криза, Владата предводена од СДСМ успешно спречи ценовен шок за граѓаните и го заштити животниот стандард.

— реклама —

За околу 7.500 семејства од ранливи категории се обезбедени 60 милиони денари за субвенционирање на сметките за електрична енергија, а следуваат и нови мерки за помош на граѓаните и стопанството“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања