Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ по оставката на Коцевски: „Мицкоски и ДПМНЕ го преземаат Обвинителството и судството“!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

По оставката на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, СДСМ ја обвини власта за, како што наведуваат, организиран обид за целосна партизација на правосудниот систем.

— реклама —

Од СДСМ тврдат дека притисокот за заминување на Коцевски е дел од пошироко сценарио на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски за преземање контрола врз Јавното обвинителство и судството. Според партијата, станува збор за координиран процес кој вклучува поставување обвинители и судии лојални на власта, со што, како што велат, се загрозува независноста на правдата.

— реклама —

Во соопштението се посочува и на кадровски решенија кои, според СДСМ, укажуваат на директно политичко влијание, меѓу кои и назначувања во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Опозицијата оценува дека ваквите чекори потсетуваат на практиките од времето на поранешниот премиер Никола Груевски, а прави и споредба со актуелните процеси во Србија, каде, како што наведуваат, истовремено се водат расправи за уставни и судски реформи.

— реклама —

СДСМ дополнително тврди дека настаните во правосудството се одвиваат синхронизирано и со јасна политичка цел, во момент кога, како што наведуваат, власта се соочува со сериозни обвинувања за корупција. Во таа насока, од партијата потсетуваат дека нивниот Антикорупциски тим во изминатиот период објавува информации за наводни злоупотреби и сомнителни тендери, за кои, според нив, нема институционална реакција.

СДСМ тврди дека во земјата се воспоставува, како што го нарекуваат, „режим 2.0“, со политички прогон, злоупотреба на институциите и медиумски манипулации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 21 час

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања