Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ поднесе пријава за Сиљановска поради злоупотреба на деца во изборна кампања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Овластен претставник на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска поднесе пријава за недозволени активности во тек на изборна камапња до надлежните институции, поврзана со злоупотребата на деца во изборна кампања од страна на Гордана Сиљановска и штабот на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ

— реклама —

Пријавата е поднесена до Државната Комисија за спречување на корупцијата бидејќи од страна на Гордана Сиљановска Давкова, нејзиниот изборен тим и изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ прекршени се одредбите од член 8-в од Изборниот Законик, Кодексот за фер и демократски избори потпишан во ДИК на 31.03.2019г., членот 36 од меѓународната Конвенција за заштита на правата на децата ратификувана од Република Северна Македонија, член 12 став 4 од законот за заштита на правата децата.

Во паника од извесниот пораз во вториот круг и слабата поддршка од граѓаните, Гордана Сиљановска во очај злоупотреби деца без родители и родителска грижа во изборна кампања и за политички цели.

— реклама —

Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ, заради ситни политички поени се обидоа да ја манипулираат јавноста дека децата без родители и родителска грижа сместени во СОС Детско село се соочуваат со недостиг на храна, иако за секое дете е обезбедено организирано живеење и предвидени трошоци целосно обезбедени од државата.

Очекуваме надлежните институции веднаш да постапат по ова прекршување, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања