Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ: Лукровски се повлекува поради страв од лична кривична одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-libraryg4mr75t9b87jcyuxP2O

Градоначалникот на општина Карпош Сотир Лукровски се повлекува затоа што не сака да потпишува документи кои можат да отворат лична кривична одговорност поврзана со новоградби, легализација на дивоградби, финансиски трансфери и фаворизирање на фирми, велат од СДСМ.

„ВМРО-ОКГ тврди дека не станува збор за оставка и повлекување, туку дека е на боледување.

Не можат повеќе да ја сокријат вистината.

Ова е уште еден јасен доказ дека целата тендер-коалиција ВМРО-ОКГ и ЗНАМ се распаѓа тотално и на сите нивоа.

По пратеникот на ЗНАМ во Собранието и советничката во Прилеп, сега и градоначалникот на ВМРО бега, од одговорност.

ЗНАМ - сателитска групација создадена и финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ за растурање на СДСМ, се распаѓа.

Луѓето почнуваат да сфаќаат дека ќе бидат соучесници во криминал и дека наскоро ќе мора да одговараат.

Членовите на ЗНАМ и ВМРО се свесни дека по падот на Орбан се отвораат сериозни истраги, а дека наскоро и Христијан Мицкоски со својата банда ќе бидат предмет на тие истраги.

Од одговорност не може да се побегне. Правдата е неизбежна. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста“, се вели во соопштението.

media-libraryr58oc8tsn12iaQFpaRo

(Фото) Објавено решението со кое градоначалникот на Карпош ги предава сите ингеренции на член на советот

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски го назначи советникот Неделчо Крстевски за свој заменик.Според решението кое е објавено во Службен весник на Општина Карпош, Неделчо Крстевски ќе го менува градоначалникот во периодите кога тој е отсутен, а е назначен и за овластен потписник на сите сметки и финансиски документи на општината. Во документот се наведува дека тој ги има истите права и обврски како и градоначалникот.Претходно во јавноста се појавија информации дека градоначалникот поднел оставка, по што од општината тоа го демантираа. Од Општина Карпош соопштија дека информациите за оставка се неточни и дека градоначалникот во моментов е на боледување.„Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање“, соопштија од општината.

Скопје | пред 2 часа

— реклама —
media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

Градоначалникот на Карпош ги предал сите надлежности на член на Советот, ама Општината демантира дека поднел и оставка

Општина Карпош ги демантираше информациите дека градоначалникот Сотир Лукровски поднел оставка, посочувајќи дека тој во моментов користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини.„Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање“, соопштија од Општината.Од таму уверуваат дека работата на локалната самоуправа продолжува непречено„Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните“, додаваат од Општината.Согласно законските процедури, надлежностите привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски.Од Општина Карпош апелираат до јавноста и медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период.

Скопје | пред 20 часа

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања