Промени тема
Контакт

СДСМ прашува: Дали клеветата кон Филипче беше алиби за повлекувањето на Кедев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Од СДСМ поставија сериозни прашања за, како што наведуваат, координирани потези на власта поврзани со здравствениот скандал со наводно непотребни операции на срце извршувани во приватни клиники, откако Сашко Кедев се повлече од комисијата што требаше да го разгледува случајот.

Според СДСМ, и покрај сериозноста на обвинувањата и јавните објави за овој скандал, од неговото појавување до денеска нема конкретни институционални постапки. Како што наведуваат, јавноста не е информирана кои лекари и кои приватни клиники се инволвирани, нема транспарентност околу наодите, а досега не е поднесена ниту една кривична пријава.

— реклама —

Во партиската реакција се поставува прашањето дали настапот на Жан Митрев со обвинувања кон Венко Филипче бил искористен како повод власта да го повлече Кедев од комисијата, со што, според СДСМ, се отвора сомнеж за политичко влијание и прикривање на одговорност.

— реклама —

„Ова ли е цената што сите треба да ја платат за да се заштити Жан Митрев од одговорност?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи дека молкот на институциите и отсуството на конкретни чекори остава впечаток дека се купува време – за прикривање на траги, избегнување на одговорност или евентуално бегство од правдата.

— реклама —

Опозицијата оценува дека за ваков скандал никој нема право да молчи или да калкулира и порачува дека ќе инсистира на целосно расветлување на случајот. „Нашата порака е јасна – ќе има одговорност, сите до еден“, наведуваат од СДСМ, барајќи итна реакција од надлежните институции и целосна транспарентност пред јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата - Сега умре и рибата во Треска“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Мицкоски: 200.000 граѓани славеле - Гета објави 50.000, арамијата чим ќе зине - лага“, велат од СДСМ

Македонија | пред 5 часа

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

СДСМ бара ДДВ од пет отсто за горивата: Предлогот на Владата е задоцнета и половична мерка

Македонија | пред 1 ден

media-librarylp2s5vk725q13iyFSDS

СДСМ бара Вранецот да се откупува по 28, а Смедеревката по 25 денари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања