Промени тема
Контакт

СДСМ прави брутална партизација на образованието и лаже дека ќе покачува плати, обвинува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_8756

Хаосот кој го зафаќа образованието станува непоправлив. Македонското образование е во континуирана стагнација, а причините се неодговорното работење на власта, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ е во обид да протне на мала врата закон за партизација на образовниот кадар во училиштата.

Законот кој СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците, туку целосна партизација во образованието.

— реклама —

Ако навистина СДСМ и владејачкото мнозинство се грижеа за платите на образовниот кадар, ќе го прифатеа поднесениот амандман на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи партизација во образованието. На државата и е потребен професионален, а не партиски образовен кадар.

Неквалитетни решенија заради партиски амбиции во образовниот систем нема да има.

— реклама —

Власта единствено мисли за лично богатење, а не на поквалитетен и подобар живот на граѓаните“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања