Промени тема
Контакт

СДСМ предвидува пораз на ВМРО-ДПМНЕ: Знаат да работат само против интересите на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-gashi

„Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Мицкоски знае само да работи против интересите на граѓаните“, обвинуваат од СДСМ.

Оттаму додаваат: „ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија во која нема никаква промена, која знае само за блокади, деструкции и лажни вести.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски постојано работат спротивно од интересите на граѓаните и државата, водејќи се единствено од лични дневно партиски интереси.

Опозициската партија поттикнуваше кршење на мерките за заштита од коронавирусот, поддржуваше антиваксерски протести, се противеше на мерките за помош на граѓаните и стопанството и се уште ја кочи изградбата на новиот Клинички центар.

Тоа е потврда за нивното антидржавно однесување кое одамна е препознаено од граѓаните.

— реклама —

Со таквиот однос, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов, седми пораз од граѓаните на следните локални избори“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања