Промени тема
Контакт

СДСМ: Продолжуваме со мерки за ублажување на последиците од енергетската криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Благодарение на брзата реакција на Владата предводена од СДСМ и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија спречено е драстично зголемување на цената на струјата и спречен е ценовен шок за граѓаните, вели СДСМ.

„Евтината ноќна тарифа на струјата како и евтината тарифа во недела ќе се задржат, а дополнителни рекстрикции ќе нема.

— реклама —

Дополнително, Владата обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на потрошувачите на енергија од ранливата категорија за оваа година.

Овие факти го демантираат Христијан Мицкоски кој ја лажеше и плашеше јавноста цената на струјата ќе биде повисока меѓу 30 и 40 отсто.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат намера да бидат конструктивна опозиција во време на криза, наместо да се грижат за граѓаните, ја користат секоја можна прилика да заработуваат евтини политички поени.

— реклама —

За разлика од нив, СДСМ како партија која се грижи за доброто на граѓаните и државата, продолжува со реализација на мерки кои ги ублажуваат последиците предизвикани од енергетската криза“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања