„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СДСМ: Се преземаат низа мерки против загадувањето, проблем што 11 години беше игнориран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Се преземаат низа мерки против загадувањето, проблем што 11 години беше игнориран од криминалната ВМРО ДПМНЕ, вели СДСМ преку соопштение.

— реклама —

„11 годишното игнорирање на проблемот со аерозагадувањето и системското унишување на зеленилото и животна средина од страна на ВМРО-ДПМНЕ остави тешки последици што и денес се чувствуваат. За разлика од таквиот неодговорен однос кон здравјето на граѓаните, денес сите надлежни институции на централно и локално ниво секојдневно преземаат активности за справување со загадениот воздух. Во текот на вчерашниот ден, градинките во општина Бутел добија осум прочистувачи на воздух за просториите во кои се згрижени најмалите, а во наредните денови ќе бидат поставени уште 28 прочистувачи на воздух. Претходно беа набавени 1.700 висококвалитетни садници за дворовите на повеќе градинки низ државата“, се вели во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Понатаму се додава дека подрачното училиште „Гоце Делчев“ од Долно Лисиче веќе го замени стариот нееколошки начин на затоплување на нафта со нов еколошки енергенс на пелети.

— реклама —

„Училиштето коешто до неодамна трошело 20 тона нафта за греење, отсега ќе има еколошки начин на греење кое нема да загадува и кое ќе ги намали и трошоците за затоплување. Се очекува, наскоро повеќе училишта, градинки и студентски домови да го следат овој пример и да го напуштат стариот, скап и нееколошки начин на загревање со нафта“, вели СДСМ.

Владејчакта партија додава дека Јавното претпријатије Водовод и канализација за првпат постави автоматска решетка за отпад, којашто ќе задржува крупниот отпад што се наоѓа во фекалните води со што ќе се намалат отпадоците создржани во отпадните води кои завршуваат во реката Вардар и ќе помогне да се намали оптоварувањето на реката со покрупен отпад.

„Паралелно со ова, континуирано се чистат коритата на реките и каналите од наноси на ѓубре и цврст отпад, а постојано се расчистуваат и диви депонии низ целата држава. Се обновува уништеното и се подига ново зеленило, а се уште трае и субвенционирањето на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети за домаќинства, за што Владата предводена од СДСМ занчително ги зголеми средствата за поддршка на оваа мерка од 17 на 21 милион денари“, соопшти СДСМ и додаде дека се презема и серија други мерки преку здружена и координирана активност на повеќе институции во борбата против загадениот воздух.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања