СДСМ: Секој граѓанин е одговорен и важен за намалување на растечкиот тренд и спречување на ширењето на коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronavirus-test

— реклама —
Состојбата со коронавирусот е сериозна, бројот на новодијагностицирани во последните неколку денови е голем, а заострувањето на мерките за заштита зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и протоколи.

Здравствениот систем и сега во есенскиот бран на коронавирусот и растот на бројот на инфицирани е подготвен, да се бори и ќе се бори со вирусот.

— реклама —

Но, секој граѓанин е одговорен и важен за намалување на растечкиот тренд и спречување на ширењето на коронавирусот, со носење заштитна маска, одржување физичко растојание од два метри и честото миење и дезинфекција на рацете.

— реклама —

Почитувањето на мерките и протоколите се најдобриот начин за заштита од коронавирусот, а оние кои ги прекршуваат ќе се соочат со санкции.

Владата предводена од СДСМ, на барање на инспекцискиот совет усвои измени на Законот за заштита на население од заразни болести. Со овие измени сите инспекциски служби добиваат нови, поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите.

Доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти.

Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет. Потребна е сериозна поддршка од сите граѓани. Неопходно е доследно почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања