СДСМ: Симе кој беше уапсен со дрога, оружје, муниција и голема количина на пари има слика со Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Криминалецот С.З познат како Симе кој беше уапсен со други лица со поголема количина дрога, оружје, муниција и голема количина на пари има слика со Мицкоски, вели СДСМ.

— реклама —

„Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Што има Мицкоски со криминалци од ваков калибар?

— реклама —

Мицкоски ќе каже дека било случајно и дека не се познаваат.

Ништо не е случајно.

Прво корупција. Потоа чист криминал.

Кога една власт има криминални тендери, корупциски скандали со фамилијарни фирми, злоупотреби со ИПАРД програмата – има и тешки криминалци во нејзиното опкружување.

Како што самото ВМРО вели за нив сè е приватен бизнис.

Мицкоски носи часовници вредни 150 минимални плати додека работниците едвај врзуваат крај со крај. За нив нема „приватен бизнис“ нема ни поголеми плати.

Уште ќе им увезе владата „економски работници“ за пари.

Сега прашањето е какви бизнис релации има Мицкоски со криминалците со кои се слика“, се вели во соопштението.

media-libraryvk318h5bck6va4Dnyv5


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања