Промени тема
Контакт

СДСМ: Скандалозната одлука на Апелациониот суд е удар врз правдата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kuzeska

„Денеска, целата македонска јавност е сведок на силен удар врз правдата од страна на судиите во Апелацискиот суд во Скопје. Скандалозна е одлуката на судот да ја прифати гаранцијата со што на лицето Сашо Мијалков му се укинува притворот. Мијалков издржува мерка притвор во предметот ‘Трезор’, каде што е осуден на 8 години затвор, со сѐ уште неправосилна пресуда. Исто така, за Мијалков има и втора неправосилна пресуда од 12 години за нелегеланото прислушување“, изјави на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Кузеска се обрати до судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети и побара јавно да излезат пред целата јавност и да кажат како е можно за лице со вкупни пресуди од 20 години да донесат ваква одлука?

— реклама —

Таа додава дека оваа одлука директно ја загрозува правдата не само за овој предмет туку и за сите другибшто се водат за него, како и за криминалот на други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Судиите се независни, но оваа срамна и скандалозна одлука отвора сериозни сомнежи и претставува директен удар врз кредибилитетот на судството да испорача правда за секого.

— реклама —

СДСМ ги повикува сите надлежни институции да се вклучат во овој случај да не се дозволи бегство, а граѓаните ги повикуваме да бидат гласни и заедно да обезбедиме правда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања