Промени тема
Контакт

СДСМ смета дека само нивните кандидати се најдобри и можат да ги развијат општините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm

„Развиени општини носат силна економија дома – тоа го може само СДСМ со Најдоброто. Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, со ефикасни мерки ја продолжува вистинската и навремена грижа за граѓаните и развојот на локалната економија. За нас, како социјалдемократска партија, локалната економија е двигател на животот, особено кога е насочена во ист правец како и државната. Нашите кандидати за градоначалници кои го носат најдоброто, чесно и домаќински ќе располагаат со средствата на општините, парите мора да се трошат за граѓаните, транспарентно и отчетно. Со одговорните економски политики на СДСМ, јавно приватните партнерства, инвеститорите ги носиме во секој град, партнерски инвестираме, бидејќи новите инвестиции отвораат можности стапката на невработеност дополнително да се намали“, соопштува СДСМ.

— реклама —
— реклама —

„Благодарение на Владата предводена од СДСМ имаме раздолжени општини, општините кои тонеа во долгови добија 50 милиони евра, што им овозможија да се посветат на проекти и планови за развој на локалната самоуправа. Сега е полесно, економијата е развојна, силна и носи шанса за сите. И не застануваме тука. СДСМ креира и реализира успешни политики и во делот на зелената економија преку енергетско економските капацитети, како и во делот на малите бизниси. Од отпад правиме струја, ги користиме сонцето и ветерот за развој на локална зелена економија со што го решаваме деценискиот проблем со депонии во нашата земја и обезбедуваме почиста и поздрава животна средина. Малите бизниси се еден од столбовите на кои се потпира општината. Затоа, воведуваме редовен месечен Локален економски форум со малите бизниси - преку состаноци, анкети, фокус групи, конференции и електронска комуникација, постојано ги слушаме потребите на малите фирми, на гранапите, дуќаните, бидејќи нашето секојдневие е токму тоа - нашата локална економска приказна. На 17 октомври граѓаните одлучуваат дали ќе го изберат најдоброто кое носи силна економија во секоја општина или ќе изберат живот во заробени и задолжени општини која наместо раст покажува застој“, додава СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања