Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Две години по ред нема никакво зголемување на платите во Армијата на Република Северна Македонија, што е директна последица на неспособното и неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, соопштуваат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата потсетуваат дека во периодот кога СДСМ беше на власт, платите континуирано растеа во сите сектори, вклучително и во одбраната. Во текот на седум години, платите редовно се зголемуваа, а парите завршуваа кај граѓаните, а не во сомнителни шеми и криминални тендери.

„Денес, со ВМРО-ДПМНЕ, парите завршуваат во криминални договори и коруптивни зделки. Владата на Мицкоски нема средства за повисоки плати во Армијата, нема пари за зголемување на минималната плата, ниту за раст на платите во јавниот сектор“, велат од СДСМ.

— реклама —

Според партијата, криминалот и корупцијата, заедно со политиките на изолација што ги води актуелната влада, директно придонесуваат за влошување на економската состојба во земјата. Тоа значи помалку пари во буџетот, преполовени инвестиции и зголемена економска несигурност за граѓаните.

— реклама —

Од СДСМ предупредуваат дека буџетската дупка е огромна и изнесува околу две милијарди евра, што дополнително ја влошува финансиската стабилност на државата.

„Антиевропските политики и кампањите против ЕУ и САД ја туркаат државата во изолација. Поради ваквите политики, Македонија се доведува во иста група со најсиромашните и нестабилни земји во светот“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Од партијата нагласуваат дека одбраната на државата е едно од најважните прашања и дека, како членка на НАТО, Македонија мора да има силна и стабилна одбрана, како и задоволни и мотивирани припадници на Армијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања