Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

Минималната плата не е доволна ниту за покривање на основните трошоци за храна на едно четиричлено семејство, обвинува СДСМ преку соопштение, посочувајќи дека работниците во Македонија се соочуваат со ниски примања и растечки трошоци за живот.

— реклама —

Според партијата, во октомври за храна и пијалаци биле потребни 26.170 денари, што е речиси 2.000 денари повеќе отколку во јануари. Потрошувачката кошничка надминува 70.000 денари, а со трошоците за стан достигнува и над 90.000 денари.

— реклама —

Од СДСМ наведуваат дека од околу 540.000 вработени, приближно 180.000 земаат месечна плата пониска од 31.200 денари. Тоа, според партијата, значи дека 33 отсто од работниците примаат плата под прагот на сиромаштијата.

„Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Партијата го критикува премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека наместо зголемување на платите, се размислува за увоз на странски работници како евтина работна сила. Во соопштението се посочуваат изјави за можен увоз на 50.000, односно над 100.000 економски работници.

— реклама —

Од СДСМ оценуваат дека ваквата состојба ги остава работниците со ниски примања и без можност да обезбедат достоинствен живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 18 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања