Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ со најава за нови закони, во фокусот и поевтинување на патарините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-01-6740PM

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање најави дека партијата во наредниот период ќе предложи повеќе законски решенија насочени кон директна помош на граѓаните, меѓу кои ќе биде и закон за намалување на цените на патарините, како дел од поширок пакет мерки за олеснување на животните трошоци.

— реклама —

Филипче истакна дека во следните недели СДСМ ќе излезе со предлог-закони од повеќе области, изработени согласно вредносните политики на партијата, при што едно од законските решенија ќе биде насочено токму кон намалување на цените на патарините. Според него, ваквата мерка е неопходна за да им се излезе во пресрет на граѓаните кои секојдневно се соочуваат со зголемени трошоци за транспорт и живот.

— реклама —
— реклама —

Тој оцени дека цените на патарините во земјава се неразумно високи и целосно неусогласени со стандардите во регионот и пошироко во Европа. Филипче нагласи дека вакво ниво на наплата за користење на патната инфраструктура не постои ниту во соседните држави, ниту во економски поразвиените европски земји.

— реклама —

Како илустрација, тој посочи дека во дел од високо развиените европски држави се плаќа годишна цена за користење на патиштата низ целата земја, која, како што рече, изнесува приближно колку што кај нас чини едно патување од Скопје до некој од граничните премини, како на пример до Гевгелија. Според Филипче, ваквата состојба претставува дополнителен финансиски товар за граѓаните и јасен сигнал дека е потребна итна законска интервенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

„Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library0cfj5c49eoj6eEiT0xx

Талески: ВМРО го партизира и Советот за граѓански надзор – партиски вдомувања за паушали од 90.000 денари

Македонија | пред 1 ден

media-library93nenmtullj09tH7s2N

„Мицкоски го штити Тошковски, Тошковски го штити Мицкоски – уште колку жртви за одговорност?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryfrm7d2bpuidgfvHVxlg

Ковачевски: Намалени инвестиции во болници, училишта и земјоделство, новиот буџет не носи подобар животен стандард

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања