Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Стоилковиќ го велича Младиќ, Мицкоски да одговори дали тоа е став на Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ го осуди однесувањето на министерот Иван Стоилковиќ, откако, според партијата, тој јавно го величал Ратко Младиќ, осуден за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.

— реклама —

Од опозициската партија велат дека Стоилковиќ со односот кон Младиќ покажал какви вредности застапува и го обвинија дека воениот злосторник го нарекол „мој генерал“.

СДСМ смета дека станува збор за дел од поширока политичка агенда, која, според нив, вклучува влијание од Србија, Русија и Кина, како и промовирање на концептот на „Српскиот свет“.

— реклама —

„Наместо да гледаме кон иднината, кон Европа, кон демократско и просперитетно општество – ние се враќаме во деведесеттите, во политиката на Милошевиќ и војните“, велат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата нагласуваат дека јавното величање на човек осуден за геноцид во Сребреница не може да се оправда како личен став или културна разлика, туку, според нив, претставува сериозна политичка порака.

СДСМ побара од премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали ставовите на Стоилковиќ се негов личен став или, како што велат, „официјален став на неговата влада“.

Опозициската партија побара и политичка одговорност, оценувајќи дека за луѓе кои ги величаат воените злосторници нема место во демократска и европска влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 1 ден

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања