Промени тема
Контакт

СДСМ: Трајко Славески е најгласниот противник на зголемување на минималната плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
intervju-trajko25

За разлика од Владата предводена од СДСМ која заедно со сите засегнати страни работи на изнаоѓање на решение за зголемување на минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се противи на растот на платите, вели СДСМ.

„Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје е најгласниот противник на зголемување на минималната плата.

Претходно Славески изјавуваше дека минималната плата ќе значела крах на домашната економија, а сега тврди дека растот на минималната плата е нереален и неоправдан.

— реклама —

Славески како претседател на Советот на Град Скопје добива месечен надомест од околу 35.000 денари, или скоро три минимални плати за и служи на Арсовска, да работи против граѓаните, против работниците.

— реклама —

Неоправдано нереално и срамно е однесувањето на Славески кој со месечни примања од илјадници евра се противи на зголемување на минималната плата во услови на енергетска и економска криза.

Додека ВМРО-ДПМНЕ со години ја држеше минималната плата замрзната, СДСМ за неполни пет години ја зголеми минималната плата за над 6.000 денари и ќе продолжи да ја зголемува и понатаму.

— реклама —

Договор за минималната плата повторно да биде зголемена годинава ќе се најде заедно со синдикатите, со работодавачите и без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања