Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ блокира за недела да не биде неработен ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
240704659_536418067474676_7317527048721981219_n

„Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ ги блокира законските измени за недела работен ден. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкции, блокади и кочења на важни законски измени“, обвинуваат од СДСМ.

„Вчера на седницата на Комисијата за труд и социјална политика, ВМРО-ДПМНЕ го опструираше носењето на измените и дополнувањата на Законот за работни односи. Со овие измени кои треба да стапат на сила на први октомври, недела станува неработен ден за сите оние кои сакаат да бидат со своите семејства. Наместо да работат за она што се платени, да им служат на граѓаните и државата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните, тераат политиканство заради лични и партиски интереси. Со ваквиот однос јасно е дека им следува нов седми пораз од граѓаните кои одново ќе ги поразат ваквите погубни и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ и неговите пратеници“, додаваат од СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања