Промени тема
Контакт

СДСМ убедена: Со брза и навремена реакција Владата спречи драстично покачување на цената на струјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kuzeska

„Со брза и навремена реакција на Владата предводена од СДСМ, спречен е ценовен шок за граѓаните и драстично зголемување на цената на струјата. Мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, придонесе цената на струјата да биде покачена за само 9,48% што е далеку под првичните прогнози од над 25%. Притоа евтината ноќна тарифа на струјата како и евтината тарифа во недела ќе се задржат, а дополнителни рекстрикции нема да има. Дека цената на електричната енергија е глобален проблем потврдуваат и покачувањата на цената на струјата во многу држави, а најизразено е во Турција каде електричната енергија за домаќинствата поскапи за 50 отсто, додека за компаниите и за над 100 отсто. За граѓаните од ранливата категорија, обезбедени се и 60 милиони денари со Програмата за заштита на потрошувачите на електрична енергија“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

— реклама —
— реклама —

„Со оваа мерка ќе се опфатат околу 7.500 домаќинства со ниски примања во времетраење од 12 месеци, кои ќе добијат намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството. Економијата е стабилна и ликвидна, државата е подготвена да им помогне на граѓаните и компаниите за надминување и на овој предизвик. И додека Владата предводена од СДСМ е посветена на креирање мерки со кои ќе се намалат последиците од енергетскага криза, ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, продолжува и во време на криза со лаги, со цел да поттикнат паника кај граѓаните. Мицкоски лажеше дека цената на струјата ќе биде повисока до 40 отсто, тој и ВМРО ДПМНЕ и оваа криза ја користат за евтини политички поени, не водејќи никаква грижа за граѓаните. СДСМ како партија која се грижи за доброто на граѓаните и државата, ќе продолжи со реализација на мерки кои ги ублажуваат последиците предизвикани од енергетската криза“, додаде Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања