Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Владата намерно не бара екстрадиција на Никола Груевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

СДСМ обвини дека Владата признала оти нема поднесено ново барање за екстрадиција на осудениот поранешен премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски. Од партијата сметаат дека со ова се потврдува нивното тврдење дека институциите свесно избегнуваат да ја обноват постапката.

— реклама —

Според СДСМ, признанието „го руши секој изговор“ на Владата и, како што наведуваат, укажува на „вистинската врска“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Од партијата обвинуваат дека актуелната власт е „заробена од бегалец кој од туѓа држава диктира што треба да се случува во Македонија“.

— реклама —

СДСМ тврди дека Груевски „од Будимпешта е центарот на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ“, а дека премиерот Христијан Мицкоски е „само извршител“. Во соопштението се наведува дека тоа, според партијата, се гледа во политичките чекори на Владата, меѓу кои ги посочуваат злоупотребата на институциите во партиски цели, притисоци преку полицијата, АНБ, УЈП и инспекциските служби, како и напади врз независни институции и политичка хајка врз опозицијата.

— реклама —

СДСМ дополнително посочува дека земјата се соочува со меѓународна изолација, блокирани реформи и намалување на медиумските слободи, што, како што велат, е „копија на матрицата на нивниот ментор Никола Груевски“.

— реклама —

Партијата најавува дека ќе се спротивстави на, како што ги нарекува, обидите Македонија повторно да стане заложник на Груевски и на „ретроградни политики кои граѓаните веќе еднаш ги поразија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 9 часа

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 11 час

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања