Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не се менува, се уште дејствува опасно по здравјето на граѓаните, води црна кампања наместо да повика на вакцинација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Матрицата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од самиот старт на пандемијата останува иста - продолжуваат да дејствуваат опасно по здравјето на граѓаните и здравствениот систем.

Тие беа првите што ги прекршија сите мерки за заштита, се потсмеваа на болните од коронавирусот, поддржуваа антиваксерски протести, но затоа ја користат секоја можна прилика да водат црна кампања против министерот за здравство Венко Филипче, да шират невистини за масовноста на имунизацијата и да ја вознемируваат јавноста заради ситни политички поени истакнуваат од СДСМ и додаваат:

— реклама —

Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ кое, за жал, ниту еднаш не покажа грижа за здравјето на народот е најмалку повикано да зборува за каква било состојба со коронавирусот.

— реклама —

Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ за масовноста на вакцинацијата не може да го оспори фактот дека имунизацијата се спроведува со засилено темпо, а бележиме и значително намалување на бројот на заразени со коронавирусот.

— реклама —

Како одговорна власт заедно со надлежните институции континуирано апелираме на вакцинација, бидејќи вакцините се безбедни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена дека во време на пандемија застана на страната на вирусот, наместо на страната на здравствениот систем и граѓаните изјавуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања