Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби за претстојниот пораз, поткупот и уцените се нивен препознатлив печат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Пласирањата на конструкции и невистини од белиот дворец стануваат се позасилени како се наближува изборниот ден, во очаен обид да изнајдат алиби за убедливиот пораз кој ги очекува ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на 17 октомври.

Јасно им е дека ќе изгубат бидејќи немаат никаква понуда, проекти, идеи, а за кандидати за градоначалници нудат осудени лица со сомнително минато, лица како Данела Арсовска која со години не плаќала струја.

— реклама —

Поткупот, уцените, заканите, гласачи од Пустец, исклучување на лифтови, обид за кражба на доверлив изборен материјал беа препознатлив печат на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

На тој начин оваа деструктивна партија спроведуваше избори за што целата јавност имаше прилика да го слушне преку објавените разговори и тоа граѓаните не им го забораваат.

— реклама —

Затоа, на фер и демократски избори, на 17 октомври, по седми пат граѓаните ќе им го испорачаат поразот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе им дадат до знаење дека нема да се вратат во мрачното минато, туку продолжуваат напред со СДСМ и „Најдоброто“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања