Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ во Битола: Граѓаните се загрижени за своите заштеди по случајот со „Алта банка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ обвини дека граѓаните во Битола се соочуваат со неизвесност за своите заштеди по случувањата поврзани со „Алта банка“, а побара истрага и утврдување одговорност од премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Советот на Народната банка, Трајко Славески.

— реклама —

Претставници на партијата денеска излегоа меѓу граѓаните во Битола, каде што, според нивните тврдења, штедачите се соочуваат со проблеми при пристапот до сопствените средства. Од СДСМ посочија дека експозитурите не работат, дел од банкоматите се празни, а на оние што се во функција се создаваат долги редици.

— реклама —

Од партијата предупредија дека особено загрижени се пензионерите, кои, како што наведоа, не можат да располагаат со средствата потребни за секојдневните трошоци, меѓу кои сметки, храна, лекови и греење.

СДСМ тврди дека уште пред 11 месеци предупредувала за ризиците од влезот на „Алта банка“ на македонскиот пазар, а сега побара на штедачите да им биде овозможено целосно да располагаат со своите заштеди.

— реклама —

Партијата побара Трајко Славески да поднесе оставка, да се отвори истрага и да се утврди одговорност. Дополнително, побара од ПИОМ пензиите да не се исплаќаат на сметките на пензионерите во „Алта банка“, со цел, како што наведоа, да се заштитат нивните средства.

— реклама —

Од СДСМ порачаа дека е потребно целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорност за настанатата состојба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya5l17a4h3n0v5SJxfUg

(Видео) Филипче до Мицкоски и Славески: Кој ќе одговара за блокираните пари на илјадници граѓани?

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

„Алта банка“ за девет месеци од добивка од 799.000 евра преминува во загуба од 791.000 евра – што открива финансискиот извештај?

Македонија | пред 7 часа

media-library6kk99rncb9hveaqKaiy

Приведен сопственикот на „Алта банка“ во Белград, Давор Мацура

Балкан | пред 8 часа

media-librarykouuejpgb8v882hG6eg

По Србија и Македонија, нови проблеми за „Алта“ и во Црна Гора – одземена дозвола за платежни услуги

Свет | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања