Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ за четири години не направи ништо за загадениот воздух во Скопје, велат од Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
skopje-zagaden-vozduh-magla-3

Градоначалничката Арсовска во предизборната кампања вети дека ќе бидат исчистени детектираните диви депонии кои придонесуваат за загадување на воздухот кој го дишат скопјани и токму тоа беше еден од главните приоритети кои се веќе реализирани.

— реклама —

На новата градска администрација и беа доволни 82 дена да бидат целосно исчистени над 150 диви депонии кои што претставуваа извор на загадување за секое населено место. За дел од исчистените диви депонии постои можност за зазеленување на површините, а во наредниот период се отпочнува со реализација на новиот мега парк во општината Ѓорче Петров, токму на местото каде што во изминатите години беше една од најголемите депонии во Скопје на над 10 илјади метри квадратни.

СДСМ да се посветеше на овој проблем во изминатите четири години, ќе знаеше точно кои се ингеренциите на Град Скопје во однос на депониите и кои се процедурите на решавање на дивите депонии на јавните површини и оние на приватни имоти. Но, за жал како и во минатото, продолжуваат да се служат со лаги и манипулации, за да ја покријат сопствената неспособност и фактот дека не можат да се помират со поразот од локалните избори е зошто секој ден континуирано се служат со напади и саботажи.

— реклама —

Инспекторатот на Град Скопје е секојдневно на терен се со цел лоцирање и санкционирање на сите кои што свесно и од лукративни побуди придонесуваат за загадување на воздухот. Секој кој одлага кабаст отпад на јавна површина или пак приватен имот ќе биде соодветно санкциониран и Скопје нема повеќе да биде една голема депонија како што во изминатите четири години го претвори претходната локална власт предводена од СДСМ.

Главен императив на Град Скопје останува зголемувањето на зелените површини и разубавувањето на секое населено место каде што скопјани ќе можат да го поминат своето слободно време.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања