Првите имиња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати на 13 јули, истакна денеска на брифингот со новинарите генералниот секретар на владејачката партија, Љупчо Николовски.
Николовски дополни дека партијата завршила со истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини, по што се очекува во наредните десетина дена да финишираат постапките во општинските органзиации, а потоа ќе следи и јавно објавување на кандидатите.
Објавата на првите 20-ина кандидати вели Николовски е предвидена за 13 јули по одржување на седница на партиското раководство.
СДСМ во изминатиот период го засили присуството на терен, преку маалски средби преку граѓански трибини, под слоганот „Најдоброто“.
СДСМ вели дека ќе ја креираат најдобрата понуда за секоја општина на овие локални избори.
Николовски на брифингот посочи дека СДСМ води со 21,7 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ со 19 отсто, според анкета нарачана од партијата.