Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДСМ за „Профитер“: ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки скандали за да го ублажи поразот на изборите во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
BeFunky-collage-10

„Во ВМРО-ДПМНЕ исплашени од извесниот пораз на претстојните локални избори во градот Скопје не престануваат да измислуваат и да конструираат непостоечки скандали за градоначалникот Петре Шилегов. Од Белата палата, можат да објавуваат нецелосни документи, неосновано да обвинуваат за наводна корупција и злоупотреби, но ништо нема да ги спаси од пораз на изборите, седми по ред“, стои во реакцијата на СДСМ за прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

„Со ваквите настапи ВМРО-ДПМНЕ само потврдува дека нема никаква идеја, никаков предлог за подобрување на животот на скопјани, за модернизација на главниот град. Од друга страна граѓаните гледаат дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е понуда на кадри на Груевски и лица осомничени и осудени за сторени кривични дела. Затоа на ВМРО-ДПМНЕ не им останува ништо друго, освен со лаги, шпекулации и конструкции да се обидат да си го ублажат новиот убедлив пораз на изборите“, се додава во реакцијата на СДСМ за прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања