„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СДСМ: Законот за амнестија не ги опфаќа само пратениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

— реклама —

За кои учесници во настаните во Собранието на 27 април ќе важи законот за амнестија составен од подгрупата за помирување?

— реклама —

Според најавите, нацрт-текстот предвидува дека насилниците, нарачателите и организаторите на насилството нема да бидат опфатени со амнестијата.

Дали, всушност, законот се крои за да бидат амнестирани само пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени? Од СДСМ негираат.

„Апсолутно не го стеснуваме кругот. Нашиот став како СДСМ е дека треба да се направи јасна дистинкција помеѓу она што значи нарачатели, она што значи организатори и она што значи извршители“, рече Костадин Костадинов – порпарол на СДСМ.

Но, Костадинов не кажа како и во која група би биле сместени пратениците кои ги отворија вратите на Собранието – чин по кој се случи крвавото насилство.

„Секако оставаме на телото за помирување да излезе со јасни насоки како ќе се направи таа дистинкција. Мора да внимаваме на таа тенка линија за на ниту еден начин не извршиме упад во одлуките на правосудните органи“, додава Костадинов.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ, пак, ќе изградат став откако ќе го видат нацрт-законот.

„Лично јас го немам погледнато нацрт-текстот кој произлезе од телото за помирување. Би почекал сите заедно да го видиме текстот па би искоментирал кој ќе биде ставот на ВМРО ДПМНЕ“, рече Димче Арсовски – портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Како што дознава Алсат, нацртот ќе биден разгледан утре на состанокот на подгрупата, а потоа и од Интерпартиското парламентарно тело за помирување, интеграција и реформи.

Со предвидените одредби, обвинетите ќе имаат можност да се произнесат дали ја прифаќаат амнестијата или сакаат врз основа на принципот на пресумпција на невиност да продолжи нивното кривично гонење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања