Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Се чисти огромна депонија во Драчево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
viber_image_2021-12-24_15-08-14-584

Продолжува отстранувањето на дивите депонии во Кисела Вода.

— реклама —

Вчера отпочна чистење на огромна депонија во Драчево, во местото викано Аџево, на патот кон Китка. Се работи за огромна црна точка на мапата на општината, создадена од несовесност и негрижа на граѓаните кои не размислуваат за последиците по животната средина и ризикот по здравјето на луѓето. Камионите натрупани со отпад од секаков вид, во текот на целиот ден го растовараат во депонијата во Дрисла.

Денес ќе се работи цел ден, ќе се работи и во текот на утрешниот ден, се до конечно расчистување на оваа депонија. Паралелно, во овие три дена се исчистија и седум други помали депонии во населбите Стаклара, Усје и во Кисела Вода. Во Стаклара, се прошири и патот каде што имаше наноси од поплавите и невремињата.

— реклама —

Покрај отстранувањето на депониите, беше извршено и машинско метење на повеќе улици во неколку урбани заедници. Со машини-метларки беа изметени улиците Иван Козаров, Народни Херои, Антон Попов, Димо Хаџи Димов и Христо Татарчев.

Чистењето на општината продолжува. Апелираме до сите наши жители, до сите граѓани за совесно однесување и за доследно почитување на Законот за јавна чистота. Загадувањето на средината во којашто сите живееме носи последици за сите подеднакво, вклучително и за загадувачите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања