Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Се е подготвено за скопскиот маратон – пријавени рекордни 12.500 учесници од 58 земји во светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Pres-konferencija-Skopski-Wiz-air-maraton-2019-3

Неколку илјади маратонци, полумаратонци и рекреативци утре ќе истрчаат на градските улици и ќе учествуваат во 15. Виз Ер Скопски маратон, најмасовната и најатрактивната спортска манифестација во земјава. Деталите поврзани со годинешната трка на денешната прес-конференција ги соопштија градоначалникот Петре Шилегов, директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски и атлетичарите Адријана Поп Арсова и Александар Кираџиев.

- Градот Скопје, заедно со Канцеларијата на Европската унија, Агенцијата за спорт и млади и Сојузот на спортови на Скопје во соработка со Атлетската федерација, атлетските клубови и огромниот број волонтери, успеа да направи меѓународно афирмиран настан на кој секоја година се пријавуваат се повеќе професионалци, рекреативци, ученици од основните и од средните училишта, пријатели на спортот и на позитивната енергија. Виз Ер Скопски маратон прерасна во еден од најпознатите маратони на Балканот. За угледот и за реномето на маратонот говори и податокот дека тој е важен и за исполнување на норми за учество на сите најзначајни европски и светски шампионати, како и за Олимписките игри. Ме радува што оваа година се пријавени рекордни 12.500 учесници од 58 земји во светот. Во трките ќе учествуваат и 60-тина вработени во градската администрација – рече Шилегов.

— реклама —

На учесниците во трките Шилегов им пожела добро време и добра забава и нагласи дека се создадени сите услови за годинава да имаме најдобро издание на маратонот досега.

— реклама —

- Во организацијата на маратонот се вклучени стотици професионалци и волонтери што се грижат трките да поминат во најдобар ред и ја користам оваа можност да се заблагодарам за нивниот ангажман кој е од исклучителна важност за успешноста на оваа манифестација. И годинава, за оваа манифестација Градот Скопје од својот буџет издвои 1.500.000 денари, а ги стави на располагање и сите јавни градски претпријатија – додаде Шилегов.

Директорот на маратонот, Синадиновски, ги повика граѓаните во што поголем број да излезат на градските улици и да ги бодрат натпреварувачите со аплаузи, но и со интересни транспаренти.

— реклама —

- Оваа година, на неколку локации по должината на патеката натпреварувачите и гледачите ќе ги забавуваат бендови и диџеи. Ме радува интересот што го покажаа граѓаните за четирите трки и што од година во година бројот на пријавени учесници се зголемува. Очекуваме и нови рекорди на патеката. Наградниот фонд на маратонот изнесува 18.000 евра – рече Синадиновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Сподели како слика

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања