„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Се „крои“ списокот со нови министри, утре треба да биде доставен до Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-metla

До крајот на неделава премиерот Заев ќе го состави својот нов кабинет. Владиниот портпарол најави дека пратениците ќе бидат првите кои ќе ги видат имињата во новиот владин состав. Во меѓувреме се уште течат консултациите на Заев со лидерите на помалите политички партии во коалицијата. Премиерот денеска остварил средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.  Заев денеска имал средба и со првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, а се стретнал и со останатите лидери.

— реклама —

Премиерот Заев треба да ги пополни и двете празни министерски фотелји: во култура, по оставката на Асаф Адеми и во земјоделство, откако Љупчо Николовски најави дека професионално ќе се занимава со партиски прашања.

Неофицијално министерството за култура повторно ќе го води кадар на Алтернатива. Но, не е познато дали министерот на Тачи, Бардуљ Даути ќе го задржи министерското место без ресор задолжен за странски инвестиции. Исто така се зборува дека Горан Милевски, лидерот на ДПА, ќе биде нов министер за локална самоуправа. А неговиот сопартиецот, Зоран Шапуриќ ќе се повлече од позицијата министер без ресор, а на негово место неофицијално ќе седне кадар на НДП, партијата на Весел Мемеди. Насер Нуредини треба да го преземе Министерството за животна средина, и покрај тоа што по професија е банкар од ДУИ очекуваат добро да се снајде и во екологијата.

— реклама —

Најмногу осум министри ќе заминат од Владата или ќе сменат ресор. Четирите дами нема да бидат реконструирани.

Реконструкцијата ќе биде на дневен ред во Собранието во понеделник или во вторник. За нејзино изгласување, доволни се 61 глас.

Се очекува веќе утре Заев да го состави списокот и да го достави до Собранието. Седницата пак на која што пратениците ќе одлучуваат за новата влада најверојатно ќе се одржи во вторник.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања