„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

Се ,,кројат” нови изборни правила, за измени во Кривичниот законик се уште нема разговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
Screenshot-2024-01-28-at-12.15.26

Спикерот Африм Гаши по координацијата со пратеничките групи имаше брифинг со новинарите.Пратеничките групи договориле разговори со цел консензуално да се донесат новите изборни правила. Се чека предлод за нов Изборен законик од Извршната власт.

— реклама —

Со измените или со ново законско решение треба да се стави крај на сите детектирани проблеми за парламентарните, претседателските и локалните избори.

— реклама —

,,Препораките на ОБСЕ, финансирање на кампањата, цензусот за кандидирање на независни кандидати, можностите за нов изборен модел ќе бидат опфатени во разоворите, вели Гаши. Непознато е дали и несменливоста на градоначалниците ќе биде предвидена.

— реклама —

Координаторите не го отвориле прашањето за членовите од Кривичниот законик кој се однесува на амнестијата и за функционери осомничени за корупција и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Ова прашање крена голема прашина и критики во јавноста, а некои функционери ,,ќарија” oд измените во законикот.

Во врска со распишувањето на локалните избори во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, каде не беше постигнат законскиот цензус за излезност, Гаши најави консултација со Државната изборна комисија. Според него има нејаснотии околу рокот за распишување на нови избори во овие 4 општини. Според Изборниот законик, повторените избори треба да се распишат во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори, но дилемата кај Гаши е дали тие 60 дена се бројат од конечноста на резултатите во првиот круг, кога ДИК констатираше дека во 4 општини не е постигнат цензусот или по конечните резултати после вториот круг.

Претседателот Гаши информираше дека на 15 јануари наредната година истекува мандатот на актуелниот состав на ДИК, тајминг кога треба да се одржат повторените избори во четирите општини. Според законот и толкувањата, мандатот на член на ДИК трае 5 години, до избор на нов член и со оваа формулација „до изборот на нов“ ќе се продолжи мандатот на актуелните членови додека завршат изборите во четирите општини, но и за ова ќе требаат консултации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања