Промени тема
Контакт

Се маскирал во жена и бегал низ шума: Уапсен Бразилец осомничен за 16 убиства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryjiapoegukcvk89gRilR
фото: unsplash

Бразилската полиција уапсила маж (33) осомничен за најмалку 16 убиства, кој за време на бегството бил маскиран во жена. Тој бил уапсен по 30-часовна потрага што ја спровеле безбедносните сили во шумска област во Параиба, сиромашна сојузна држава во североисточниот дел на Бразил.

— реклама —

Бразилецот е осомничен дека од мај извршил најмалку 16 убиства, а за време на сослушувањето признал 11 од нив, соопшти локалната полиција. Во моментот на апсењето, осомничениот носел женска облека и долга црна перика, во обид да се преправи и да ѝ избега на полицијата, наведува „Фигаро“.

— реклама —

За време на испитувањето, осомничениот тврдел дека учествувал во вкупно 80 убиства, бројка која истражителите сè уште не ја потврдиле.

Властите не објавиле детали за идентитетот на жртвите ниту за начинот на кој биле извршени злосторствата. Неколку недели пред апсењето, овој маж успеал да побегне по конфликт со безбедносните сили, кои го сметаат за член на „исклучително насилна“ криминална група.

— реклама —

За време на сослушувањето, тој, сепак, рекол дека дејствувал сам и негирал каква било поврзаност со криминалните фракции кои дејствуваат во тој регион.

Осомничениот тврдел дека сите негови жртви биле поврзани со криминалното подземје и дека ја зел правдата во свои раце откако добил закани упатени кон неговото семејство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gradinka-2

Држел 13 деца како заложници во градинка во Бразил, полицијата го убила по двочасовни преговори

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-librarypiitt2fhl35s6GsaO2j

Бразил со 4:0 ја совлада Индија, Лино двапати стрелаше

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Сериски убиец уапсен во Бразил, на полицијата ѝ рекол дека убил околу 80 луѓе

Свет | пред 3 седмици

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

САД воведуваат царини од 25 отсто за поголем дел од увозот од Бразил

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања