Промени тема
Контакт

Се менуваат 5 министри во културата за 5 години, стратегијата на власта е културоцид во 21 век, вели Стојкова Серафимовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sobranie-2

Стратегијата на власта во културата е културоцид во 21 век, и културата е најголема жртва на поигрувањето на коалицијата СДСМ и ДУИ, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска на денешната собраниска седница за избор на нова влада, потенцирајќи дека гледаме старо-нова влада, а колку културата е маргинализирана од страна на СДСМ и ДУИ говори и фактот што имаме за 5 години менуваат 5 министри.

- Имаме девастирана, хаотична, партизирана култура. Институции со нарушени меѓучовечки односи, партизиран кадар, наследени проблеми, започнати и заостанати мегаломански проекти кои чинат многу, институции со распаднати кровови како НУБ. Понудената програма во однос на културата како важен сектор во општеството е крајно занемарен и маргинализиран. Во културата за овие 5 години имаме 5 министри, тоа се Роберт Алаѓозовски есеист, Асаф Адеми градежен инженер, Хусни Исмаили доктор по медицина, Ирена Стефоска историчар и сега предложената Бисера Костадиновска Стојчевска професор по англиски јазик. Овие промени значат и промени на кабинет, нови директори, нови методологии на работа на секој министер, различни програми, да не зборуваме за партиски вработувања и политички реваншизам што се резултираше со нарушен континуитет на работа во културата, рече Стојкова Серафимовска.

— реклама —

Таа посочи дека во секторот творештво, творците и уметниците се демотивирани, се прекина секаква стимулација на домашната, популарната и класичната и современата сцена, нема откуп на никакви дела, а во театрите се помалку има дела од македонски автори.

- Има наследени проблеми во филмската дејност каде проблемите се на меѓународно ниво, се уште е актуелна тужбата на Јадран филм кон Агенцијата за филм, а таму е замешан и сега поранешниот премиер Зоран Заев. Поради лошо работење опадна нивото на светските реномирани фестивали како што е Охридско лето, но затоа се даваат огромни средства за проекти со сомнителна содржина, рече таа.

— реклама —

Стојкова Серафимовска истакна дека новата влада во програмата ја споменува грижата за македонскиот јазик, но в видовме како кога македонскиот јазик беше најмногу напаѓан од нашиот источен сосед, Советот за македонски јазик, тело при владата остана нем и нефункционален.

— реклама —

- Што да зборуваме за културното наследство, состојбата може да се види од запуштените археолошки локалитети и бројните и изгубени ранохристијански базилики и манастирот Света Богородица во Матејче кој е ставен на листа на културно наследство во опасност и кој повторно беше оштетен. На меѓународен план не доведоа во срамна состојба статусот на културното и природното наследство на Охрид и охридскиот регион се доведе до алармантно ниво, нагласи Стојкова Серафимовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања