Промени тема
Контакт

Се намалува бројот на заболени, но и починати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovid-koronavirus-makedonija

Регистрирани сe 9.982 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 16,2% во однос на минатата недела (n=11.910). Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5%

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31.01.2022 до 06.02. 2022г. ,тестирани се вкупно 33.421 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 13,2% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=5.300; 53,0%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 1.069,1/100.000. Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.455, 24,6%) и 30-39г (n=2.004, 20,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=312; 3,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 23,9% кај возрасната група од 30-39г, додека зголемување се забележува кај возрасните групи од 0-9г со 21,4% и над 10-19г со 16,5% зголемување во однос на претходната недела.

— реклама —

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 11.122 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

— реклама —

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.340 реинфекции, со намалување за 14,0% во однос на претходната недела.

Пријавени се 147 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, за 0,7% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (51). Во однос на возраста, најголем број (n=137; 93,2%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7), 40-49 години (1) и 30-39 години (2).

— реклама —

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19. Заклучно со 06.02.2022, вакцинирани се вкупно 867.529 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство . Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 845.121 лица, а со трета доза се вакцинирани 132.488 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од од 31.01 - до 06.02.2022г, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања