ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Се наоѓаме на врвот на бранот на Омикрон сојот, вели Трајковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
omikron

Останува на сила вчерашната констатација дека се наоѓаме на врвот на бранот на Омикрон сојот. На првиот дијаграм, зелената линија (подвижната средина на дневниот број на нови случаи) веќе го исцртува врвот.

— реклама —

/272613530_1201094027085780_9194537738066753308_n" rel="attachment wp-att-160190">

— реклама —

На вториот дијаграм факторот на растот практично е еднаков на единица (1,005), што значи дека во просек повеќе немаме раст на броевите, независно од дневните случајни варијации, вели професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

— реклама —

/272355853_1201094077085775_50499708658449740_n" rel="attachment wp-att-160191">

„На третиот и четвртиот дијаграм ги гледаме решенијата на диференцијалните равенки на SIR моделот за предвидување на бројот на вкупни, затворени (оздравени заедно со починати) и активни случаи во наредните денови. Моделот предвидува дека бројот на активни случаи ќе биде максимиран за околу 5 дена на околу 22.000 случаи, под услов редовно да се затвораат случаите. Во вторник вообичаено (поради насобраните тестирања преку викендот) има поголеми бројки, меѓутоа и тие не би требало да направат голема промена.

/272243976_1201094167085766_734801332756000891_n" rel="attachment wp-att-160192">

На четвртиот дијаграм, фазниот портрет I-T (активни наспроти вкупно случаи) забележуваме исто така скоро настапување на врвот на активните случаи. Моделот беше малку корегиран, за да го земе во предвид пократкото време од отворање до затворање на случаите. Овој интервал порано изнесуваше просечно 18,5 дена, додека сега изнесува просечно 11,5 дена. Зелената и сината линија на четвртиот дијаграм во последно време одат прилично блиску една до друга, што значи дека случаите навремено се затвораат.

/272268315_1201094237085759_5445815328128693667_n" rel="attachment wp-att-160193">

Конечно, на петтиот дијаграм забележуваме дека просечниот дневен број на починати расте (портокаловата линија), а врвот би требало да биде достигнат за околу една недела. Сепак, тој врв ќе биде двојно понизок од врвовите во претходните бранови, пради рекордно ниската стапка на леталитет, којашто моментално изнесува само 0,95%, вели тој.

/272300625_1201097423752107_4215187491812533512_n" rel="attachment wp-att-160194">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања