Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Се очекува емотивно обраќање на кралицата Елизабета за Божик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
52163955-10341135-image-a-100_1640296270280

Овогодинешното божиќно обраќање на кралицата Елизабета Втора се очекува да биде многу емотивно, бидејќи ова е прв Божиќ откако почина нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Бакингемската палата објави фотографија на која се гледа како кралицата снима говор, а покрај неа е фотографија на која е со принцот Филип, кој почина на почетокот на оваа година, пренесува АП.

— реклама —

На фотографијата, кралицата го носи истиот брош како на врамената фотографија со принцот Филип, направена за време на прославата на нивната годишнина од брак во 2007 година.

Божиќната порака на кралицата е снимена минатата недела, пред таа да одлучи да го помине Божиќ во Виндзор поради пандемијата на корона вирусот, пренесува АП.

— реклама —

Традиционалната божиќна порака на кралицата, која ќе се емитува во сабота, е обраќање до нацијата и Комонвелтот, а во неа кралицата се осврнува на претходната година.

За кралицата тоа е крајот на годината во која почина нејзиниот сопруг, принцот Филип, со кој помина 73 години во брак.

Принцот Филип почина во април оваа година, два месеци пред неговиот 100-ти роденден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања