Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Се очекува од средина на декември да почне со работа жичарата на Водно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
zicnica-696x463

Жичницата на Водно е во фаза на целосна реконструкција, а доколку работите и неопходните безбедносни проверки завршат според планот, се очекува повторно да биде пуштена во употреба веќе следниот месец.

Ова го соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој преку објава на социјалните мрежи информираше дека во тек се активностите за обнова на жичницата и темелна реконструкција на кабините.

— реклама —

Како што посочува Ѓорѓиевски, при извршениот увид биле констатирани сериозни недостатоци, кои, според него, се последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства.

Поради утврдената состојба, жичницата била ставена надвор од функција, со цел да се обезбеди безбедноста на патниците.

— реклама —

„За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис!“, порача градоначалникот.

Тој информираше дека во тек се работите за реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и новиот мотор.

— реклама —

Ѓорѓиевски најави дека по завршувањето на работите и сите неопходни безбедносни проверки, жичницата повторно ќе ги пречека скопјани и посетителите на градот.

„Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје!“, наведува Ѓорѓиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryreve2k9tqeu94s2EZ3Y

Силен ветер ја стопираше жичницата на Водно, можни измени и на автобуски линии

Скопје | пред 10 месеци

— реклама —
44954278_1480792018717983_2307963765280210944_n

Жичарницата на Водно не работи

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања