Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Силен ветер ја стопираше жичницата на Водно, можни измени и на автобуски линии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
media-libraryreve2k9tqeu94s2EZ3Y
ЈСП СКОПЈЕ

Жичницата на Водно денеска (11 јануари 2026 година) нема да сообраќа поради силниот ветер, информира Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје.

— реклама —

Од претпријатието појаснуваат дека јачината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за непречено и сигурно функционирање на жичницата. Надлежните служби ја следат состојбата на терен, а превозот ќе продолжи веднаш штом временските услови го дозволат тоа.

Воедно, ЈСП Скопје информира дека поради ниските минусни температури и најавените временски услови со можни снежни врнежи во Скопје и околината, во наредниот период можно е привремено прилагодување на сообраќањето на одредени автобуски линии.

— реклама —

Како што наведуваат од претпријатието, ефектот на средствата за одржување на коловозите е ограничен при екстремно ниски температури, поради што на одделни делници може да се појават отежнати услови за сообраќај. Поради тоа, дел од автобусите ќе сообраќаат до локации кои, согласно проценките на надлежните служби, се оценети како безбедни и проодни за возилата на ЈСП.

— реклама —

Од ЈСП потенцираат дека безбедноста на патниците и вработените е апсолутен приоритет. Доколку временските услови не дозволуваат сигурно одвивање на јавниот превоз, ќе се преземаат соодветни мерки, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени.

Во периоди на стабилни временски услови, јавниот превоз ќе се одвива согласно редуцираниот делничен зимски возен ред, кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Екипите на ЈСП Скопје, во координација со службите на Град Скопје и локалните самоуправи, континуирано се ангажирани на терен со соодветна механизација, со цел навремено реагирање и обезбедување безбедно и непречено функционирање на јавниот превоз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library14tnrm2avddjacSRZzR

Бесплатен јавен превоз во сабота во Скопје за „Бела ноќ 2026“

Скопје | пред 4 седмици

— реклама —
media-library3pkqi1pbrok5cdJUwQ5

Автобусот 35 повторно на улиците: Радишани–Ново Лисиче со директна линија

Скопје | пред 4 седмици

jsp-avtobus

Студентите во Скопје добиваат дигитална картичка за бесплатен јавен превоз

Скопје | пред 1 месец

jsp-avtobus

Крај на летниот режим: Од 1 септември ЈСП Скопје со нов возен ред

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања