Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Се одлага подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, поништувањето на изборот е правен преседан, вели Уставен суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
ustaven-sud

Уставниот суд денеска го прими дописот од претседателот на Собранието на Република Македонија со кој е доставена пресудата на Управниот суд на Република Македонија.

— реклама —

„Уставниот суд не ја коментира Пресудата на Управниот суд. Постапувањето на сите инволвирани органи како што се Судскиот совет, Собранието и управните судови во овој случај, предизвикаа правен преседан кој создаде правна состојба со која ниту еден досегашен состав на Уставниот суд се нема соочено. Таквиот правен преседан несомнено создава правни импликации во постапувањето  на Уставниот суд во согласност со неговите надлежности.

На денешниот работен состанок,  поради големиот интерес на јавноста за приоритетни прашања, Судот одлучи:

— реклама —

 Да се одложи подготвителната седница по предметот за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни 2025 година, од причина што судијата на кој се однесува поништената одлука за избор со пресудата на Управниот суд е судија-известител на конкретниот предмет, а дополнително Судот има донесено Заклучок според кој постапувањето по овој предмет треба да биде во полн состав на Судот.

Во врска со правните импликации по Пресудата на Управниот суд, укажуваме дека согласно со член 112 став 2 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, Уставниот суд нема по службена должност да ги преиспитува одлуките во чие носење учествувал судијата на кој се однесува поништената одлука за избор со Пресудата на Управниот суд“, велат од судот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

darko-kostadinovski

Костадиновски : На 19 јуни ќе се одржи Подготвителната седница за Законот за јазиците

Македонија | пред 7 месеци

Foto-3

Сиљановска-Давкова: Уставниот суд е најнереформираниот државен орган

Свет | пред 7 месеци

siljanovska

Има ли потреба од потребата од Закон за Уставниот суд?

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-03-14-at-15.56.23

Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо, секој граѓанин ќе гледа и слуша како ја водиме постапката

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања