Атрактивната македонка, Валери Димовска нема да ја гледаме во третиот круг од натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“. Таа беше дисквалификувана од тековната сезона на ова натпреварување, па се огласи на социјалните мрежи и ја откри причината.
„Видов дека денес сум главна по медиумите, и на наши и на српски. Добив многу пораки од типот на „зошто ти го направија тоа, шоуто е вакво, шоуто е такво“. Дечки Ви благодарам што се грижите и мене ми е криво но нема потреба со негативни коментари и со такво мислење за шоуто. Они ништо не ми направија, и ве молам не стварајте мислење само од насловите. Едноставно се уште сме во пандемија на ковид, а јас се заразив по трет пат, и не можевме ништо да направиме, не можеа да ме префрлат во четврти круг, затоа што немаше да биде тоа фер спрема другите кандидати, а не бев само јас во ваква ситуација. Како и да е наредна година повеќе среќа“, напиша Валери.