„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Се огласи и кафулето каде настапи Аца Лукас: Сè беше по закон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library8pq506eij0b9dPMyJyN

Сопственикот на „Рома Кафе“ Кавадарци денеска упати остар демант по изјавите на градоначалникот Митко Јанчев, како и по медиумските објави поврзани со приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас и прекинувањето на неговиот настап.

— реклама —

Во обраќањето, објавено како официјален демант, сопственикот тврди дека локалот не сторил ниту едно прекршочно дело и дека сите обвиненија од институциите се неосновани.

Според него, просторот бил изнајмен согласно закон, со целосна правна документација и договор за инспекциски надзор. Тој нагласува дека Аца Лукас влегол во државата со валидни документи и дека настапот бил промотивен—посветен на криптовалутата на пејачот.

— реклама —
media-librarydhnc3gvjhpt90BtS08v

„Објектот настанот го организираше под закуп, а сите правни обврски и договори со надлежните органи беа уредно обезбедени. Тротоарот што го користевме беше одобрен од општината“, наведува сопственикот.

Тој исто така демантира дека имало 700 гости и дека бил надминат капацитетот. Според него, во локалот имало околу 400 гости, сè според пријавениот број, а по приведувањето на Лукас, локалот продолжил да работи до 01:00 часот.

„Не е точно дека имало загрозување на безбедноста. Ако условите не биле исполнети, надлежните институции ќе го запреле настанот уште на почетокот“, се вели во демантот.

Во документот се наведува и дека инспекторите од УЈП и ДПИ констатирале само одредени неправилности кај правниот субјект кој го изнајмил просторот, но не и кај „Рома Кафе“.

Сопственикот посочува дека секогаш работат по највисоки стандарди и нагласува дека ова е прв ваков случај во 21 година постоење на локалот.

„Ни најмалку не сакам да се случи каков било немил настан, затоа секогаш работиме законски. ‘Рома Кафе’ ќе продолжи да функционира во согласност со сите позитивни прописи“, стои во демантот.

Од МВР вчера потврдија дека Лукас бил парично казнет поради настап без дозвола, а во локалот биле утврдени прекршоци за неиздавање фискални сметки, пушење и надминување на дозволениот број гости — нешто што сопственикот категорично го негира.

Настанот продолжува да предизвикува реакции во јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygbl2nto0vcr1cHVhFlW

По приведувањето во Кавадарци, Аца Лукас повторно во центар на скандал: Му го откажаа концертот во Република Српска

Магазин | пред 3 седмици

2655975_ana-paunkovic-3_ff-700x467

Аца Лукас најави нов концерт во Скопје во декември: Приходот ќе биде за семејствата на жртвите во Кочани

Магазин | пред 1 месец

aca-lukas-2

СДСМ бара одговорност по инцидентот на концертот на Лукас: „Институциите повторно задоцнија“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvvh6642da41pcCF3F9r

„Да помислиш дека ќе бидеш поголем од Македонија… црн печат и да се не грлимо“, вели Илиески за Мирковиќ кој го нападна Мицкоски поради Лукас

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања