Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Се огласи партијата на Палчо: Да се почитува пресумцијата на невиност, да бидат најстрого казнети ако се докаже спротивното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-12-05-at-14.32.21

Политичката партија „Десна“ чиј основач и претседател е и Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен како организатор и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, објави соопштение на еден од нивните профили. Тие посочуваат дека доколку произлезе дека нивните членови и претседателот Палевски-Палчо се виновни, ќе бараат најстроги казни. Тие бараат засега да им се почитува пресумцијата на невиност.

„Во овој тежок момент и период, кога во Македонија за 7 дена се случија две убиства, во Велес и Скопје, се соочивме информации кои донесоа шок и неверување за нас.

— реклама —

Пред се, изразуваме најдлабоко и најискрено за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На семејствата на жртвите им изразуваме најдлабоко сочувство за загубата на нивните најблиски. Политичката Партија Десна, за своите членови и претседателот на партијата, доколку се докаже дека се виновни, бара да бидат најстрого казнети. Во меѓувреме апелираме да се почитува уставно загарантираната Презумција на невиност на осомничените и обвинетите, додека не се докаже спротивното“, објави „Десна“.

— реклама —

Тие додаваат дека им стојат на рапсолагање на сите истражни органи, а пак, ќе го замрзнат и членството на сите осомничени.

— реклама —

„Пред Обвинителството и органите на прогонот претстои тешка и деликатна задача во целост да ги разоткријат сите елементи на овие настани.

Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи. П П Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот. Уште еднаш изразуваме искрено жалење и сочуство до семејствата на Вања и Панче“, додаваат од „Десна“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

palco

(Видео) Адвокатот на Палчо бара одново да се суди убиството на Вања и Панче, па тврди дека тој е невин

Настани | пред 2 седмици

— реклама —
vanja-gjorcevski-aleksandar-

Таткото на Вања кажа дека се чувствува како заложник, Туфегџиќ го нападна Обвинителството: Токму затоа што нема докази треба да биде ослободен

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryceng4lkp9km01YFeyx6

Александар Ѓорчевски имал клучна улога во грабнувањето на Вања, тој пратил порака до девојчето кога се договарало грабнувањето, вели обвинителот

Македонија | пред 2 седмици

vanja-palco-velibor-bore-gjorcevski4

Жалбите за пресудата за убиствата на Вања и Панче денеска пред Апелациски суд

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања