Откако пејачката Јелена Карлеуша на 7 јануари на Божиќ го пријавила сопругот Душко Тошиќ дека ја претепал, на поранешниот фудбалер најпрво му беше изречена забрана за приближување кон сопругата во траење од 48 часа, а потоа Првиот основен суд изрече забрана за приближување и комуникација со Карлеуша во траење од 30 дена.
Тошиќ во оваа прилика синоќа првпат и се обрати на јавноста на својот Инстаграм профил и индиректно порача дека не бил насилен кон Јелена Карлеуша.
„Почитувани следбеници, пријатели и членови на медиумите. Обично не сакам да се обраќам бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да се поврзани исклучиво со спортската приказна и добрите хуманитарни дела. Го следев она што го објавуваат повеќето медиуми и затоа сум принуден да се обратам на овој начин.
Како што гледате, секаде сум претставен како насилник и на секој наслов сум јас оној од лошата страна. Јас сум првиот од оние кои не поддржуваат насилство и никогаш не сум го употребил. Луѓето кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен каде и да е и што и да прави. Затоа сакам да знаете дека и овој пат ќе останам доследен на себе, ќе ги игнорирам сите работи кои се измислени и ќе чекам да помине сето ова - напиша Душко.