Промени тема
Контакт

Се огласи таткото на Мартин, кој загина во експлозијата во Белград: Тој беше измамен, a не криминалец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Коментари
media-libraryshs7j1js8em1c3xWkbR

Со длабока болка и неверување, Дејан Сипковски, таткото на загинатиот 21-годишен Македонец Мартин Сипковски, се огласи со јавно соопштение по трагичната експлозија во Белград во која неговиот син го загуби животот.

„Мартин имаше само 21 година. Беше студент на Факултетот за менаџмент, манекен и поранешен ракометар на РК Вардар — млад човек со многу енергија, големи соништа и надежи за иднината“, пишува во своето обраќање таткото.

Сипковски објаснува дека неговиот син бил „бунтовен, како и многу млади луѓе“, но никогаш не бил насилен и никогаш не би направил нешто што би загрозило туѓ живот.

„Имаше детски и пубертетски грешки, но никогаш не бил дел од тежок криминал. Една година беше во домашен притвор во Македонија, во рамки на истрага што од самиот почеток беше сомнителна, бидејќи сите докази укажуваа дека тој не бил присутен на местото на настанот“, наведува таткото.

Тој потенцира дека Мартин не бил првообвинет во случајот, туку подоцна бил вклучен во процесот, додека вистинскиот првообвинет „одамна е избеган во Белград и има сериозно криминално досие“.

„Нашето семејство смета дека ваквиот тек на настаните е длабоко неправеден и бараме сериозни одговори — како и зошто Мартин бил вовлечен во нешто со што немал никаква вистинска поврзаност“, истакнува Сипковски.

Според неговото сведочење, Мартин бил исплашен и разочаран од системот, особено по изречената пресуда која, како што наведува семејството, не била оправдана.

„Семејството очекуваше дека со жалбата ќе биде ослободен. Но, пред тоа да се случи, замина во Белград — исплашен, збунет и, како што веруваме, измамен и злоупотребен од луѓе кои ја искористиле неговата доверба и страв“, вели таткото.

— реклама —

Тој додава дека постојат сомнежи оти Мартин бил наведен и наместен, изложен на притисок да побегне во Србија, со лажни ветувања дека ќе може да замине во трета држава.

„Затоа бараме целосна, темелна и објективна истрага — не само од српските, туку и од македонските институции. Вистината мора да се открие до крај“, порачува тој.

Во своето писмо, Сипковски упатува и апел до медиумите:
„Посебно им се обраќам на медиумите и порталите да покажат човечност и професионалност. Зад секој наслов стои едно скршено семејство и млада ќерка од 17 години која ги чита тие текстови. Пишувањето без проверка не само што ја нарушува вистината, туку и ја продлабочува нашата болка.“

— реклама —

На крајот, Дејан Сипковски завршува со порака:
„Нашето семејство останува скршено од болка, но решено да се бори за вистината за Мартин. Тоа му го должиме на него, на неговото име и на неговиот мир.“

Српските медиуми, повикувајќи се на свои информации од српската полиција, објавија дека Сипковски загинал откако неправилно ракувал со бомба, па по грешка ја активирал. Според нив, таа била набавена за да се изврши убиство на лице поврзано со организиран криминал. Засега овие наводи не се потврдени официјално. Во тек е истрага и размена на информации помеѓу српските и македонските институции. Настанот се случи на 1 октомври.

Инаку, Сипковски бил неправосилно осуден на затоврска казна од седум години за кривично дело „обид за убиство“, за кое таткото пишува и во писмото. Пред судот, докажувал дека нема никаква вина, како и дека исказите од сведоците се лажни и преправани. Во Обвинителството се воделе и други предмети.

media-librarysj5je9ba0fc89NvXJ1Q

Од ракометар до модел: животот и мистеријата околу Македонецот Мартин Сипковски, кој загина во експлозија која сам ја предизвика

На 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград избувна експлозија во која животот го загуби државјанин на Македонија, Мартин Сипковски (21), пишува српски „Телеграф“. Неговата идентификација била потврдена по обдукцијата и размена на ДНК податоци меѓу српската и македонската полиција, пренесуваат белградските медиуми.Според првичните сознанија, Сипковски настрадал при нестручно ракување со експлозивна материја — пентрит (PETN), моќен детонабилен состав кој, како што се наве

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-libraryr9f348cno9hlaT17L5I

(Видео) Од куќен притвор во Македонија до експлозија во Белград – нови детали за патот на Мартин Сипковски

Мартин Сипковски, момчето за кое српските медиуми јавија дека загинало во Белград, откако според првичните информации, по грешка активирал експлозив, избегал додека бил во куќен притвор, дознава „Скопје1“ од свои извори во скопското Обвинителство. На нему му се суди за обид за убиство, предмет кој го застапува обвинителот Александар Марковски, а бранител му е Владимир Туфегџиќ. „Скопје1“ контактираше со адвокатот, кој потврди дека му е застапник, но тој се уште нема никаква потврда дека Сипковск

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryno3lrkce7lihai2XloV

Избегал пет дена пред експлозијата во Белград: Мартин Сипковски имал криминално досие со тешки дела – бил осуден за обид за убиство на 7 години затвор

Младиот Мартин Сипковски кому му експлодирал експлозив и според српските медиуми загинал во Белград, има дебело досие на само 21 година, во Македонија. Во него се вбројуваат кривични дела како насилство, разбојништво, предизвикување општа опасност. Во јавноста речиси и да нема детали за негово криминално портфолио, се додека српските медиуми не излегоа со информацијата дека загинал откако несоодветно ракувал со експлозивот, наводно наменет, за егзекуција на лице поврзано со организиран криминал.

Македонија | пред 10 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8khfu2e0m90t9r5BRi1

(Видео) Додека го гаснеле огромниот пожар, српските пожарникари спасиле повреден був

Вирално | пред 18 часа

media-libraryn3gbq2t3qg7u94zzN3j

Голема трагедија во Панчево: Две лица скокнаа во Тамиш, едно тело извлечено од реката

Балкан | пред 20 часа

sef

Украден сеф со 400.000 евра и злато од куќа во Белград

Балкан | пред 1 ден

media-libraryk7l8lb1b88kjapPKggd

Вучиќ: Србија е „европска велесила“ за гаснење пожари

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања