„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Се огласија од Белата куќа: Вознемирени сме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека му олеснало што поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп бил неповреден во безбедносниот инцидент во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, Флорида, кој се истражува како можен обид за атентат.

— реклама —

Бајден изјави дека осомничениот е во притвор и ја пофали работата на Тајната служба и другите агенции за спроведување на законот.

„Ми олесна што поранешниот претседател е неповреден. За овој инцидент се води активна истрага бидејќи полицијата собира повеќе детали за тоа што се случило. Како што многупати кажав, нема место за политичко насилство или каква било друга форма на насилство во нашата земја“, истакна Бајден, а соопшти Белата куќа.

— реклама —

Потпретседателката на САД Камала Харис, која е демократски претседателски кандидат и ривал на Трамп на изборите, изјави дека е длабоко вознемирена од можниот обид за атентат врз Трамп на неговиот имот на Флорида.

„Додека ги собираме сите факти, ќе бидам јасена: го осудувам политичкото насилство. Сите мораме да го направиме нашиот дел за да се осигураме дека овој инцидент не доведе до дополнително насилство“, напиша Харис на мрежата X.

Белата куќа претходно соопшти дека Бајден и Харис биле информирани за безбедносниот инцидент кој се истражува како можен обид за атентат врз поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп и дека ќе ги добијат најновите информации за напредокот на истрагата.

Во соопштението од Белата куќа се изразува „олеснување“ откако беше информирано дека Трамп е безбеден.

ФБИ објави дека поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп бил предмет на „очигледен обид за убиство“ во неговиот голф клуб во Флорида. Трамп бил однесен на безбедно од страна на Тајната служба, откако агенти на тајната служба отворија оган врз лице вооружено со полуавтоматска пушка, кое го впери кон Трамп додека играл голф.

Пукањето се случило околу два месеци откако Томас Метју Крукс го уби Трамп на митинг во Батлер, Пенсилванија на 13 јули, кога Трамп се здоби со повреда на увото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања