Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Се огласија од ЗОО-Скопје: Не можеше да се спаси, одлуката да не страда е од белгиски тим

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
454493738_8236496723079522_6023687363494536903_n

Скопската Зоолошка градина по еден ден откако ја евтанализрале слоницата, а по скоро шест часа откако телото го фрлија во депонијата Дрисла и „Скопје1“ го сподели ова, објавија што точно се случувало со неа. Тие тврдат дека тим од Белгија решил дека не може да се спаси со операција ниту третман.

„Со голема жалост ве информираме дека во текот на вчерашниот ден (06.08.2024 год.), азиската слоница Дуња по насока на сопствениците кои ја позајмија на нашата зоолошка- „Pairi Daiza" од Белгија, одлучија со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата донесоа одлука за евтаназија на слоницата

— реклама —

Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси, а одлуката на сопствениците од Белгија беше од стручниот меѓународен тим за да таа не страда.

Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница.

— реклама —

Дуња скоро и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем.

За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина.

Инаку нашата Дуња најголем дел од својот живот го има поминато во шведски патувачки циркус, патувајќи низ цела Европа. Со забраната за користење на животни во циркуси точки, оттаму Дуња и Даела патуваат во Белгија, во еден од најубавите паркови за слонови во светот- „Pairi Daiza", каде се констатира дека за жал поради трауматичното минато двете слоници Дуња и Даела нема да можат да живеат во социјална група со други слонови.

— реклама —

Оттогаш, во 2018 година доаѓаат во Скопје за да ги живеат нивните „пензионерски денови".

Посетителите на Скопје ЗОО од 29.09.2018 имаа прилика да уживаат и да се едуцираат со нивното присуство, а од вчера ја имаме самп нашата африканска слоница Даела, за чиј статус дополнително ќе се одлучи заедно со европската група за слонови. Дуња, бескрајно ќе ни фалиш на сите, ни беше чест што имавме можност да се грижиме за тебе во твоите „пензионерски" денови“, велат од ЗОО-Скопје на „Фејсбук“.

— реклама —

slonica-1

(Ажурирана) Вознемирувачко видео: Евтаназирана слоницата во ЗОО-Скопје: обид за тајно да се изнесе и однесе во Дрисла од директорот на Арсовска

Евтаназирана била слоницата во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според наши информации од ЗОО, и покрај тоа што евтаназирана се случило измиантиот ден, јавноста не беше известена, а постапката за исфрлање на телото во депонијата Дрисла - испланирано. Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ и тајно изнесување на слоницата.Од снимките на „Скопје1“ ќе видите како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, ко

Скопје | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања