Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Ажурирана) Вознемирувачко видео: Евтаназирана слоницата во ЗОО-Скопје: обид за тајно да се изнесе и однесе во Дрисла од директорот на Арсовска

објавено пред 1 година -

Скопје
slonica-1

Евтаназирана била слоницата во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според наши информации од ЗОО, и покрај тоа што евтаназирана се случило измиантиот ден, јавноста не беше известена, а постапката за исфрлање на телото во депонијата Дрисла - испланирано. Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ и тајно изнесување на слоницата.

Од снимките на „Скопје1“ ќе видите како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла. До моментот на објавување на оваа вест, немаше никакви информации од ЗОО и Градот за тоа што се случило со слоницата, а исфрлањето на телото се реализираше.

— реклама —

Во минатото кога жирафите угинаа, за тоа се објавуваше јавно. Но не и сега.

Сега, Зоолошката остана со еден слон. Причните за угинувањето не се познати за јавноста, ниту зошто тоа се крие од јавноста.

Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни. Во мај угина жирафата Каспер, додека крајот на ноември угина и жирафата Флопи.

— реклама —

Според извршената обдукција, Каспер, жирафа стара 13 години, угинала како последица на инфекцијата од бактеријата салмонела естеридис. Флопи, починала како последица на малиген тумор на епителот на жолчните канали во црниот дроб и метастази на белите дробови.

Угинале и тигрица, лемури, прежевалски коњи, црн лебед, пинвини, џуџеска коза... Поморот на животни во ова установа трае подолго време, откако за градоначалничка дојде Данела Арсовска, која до сега смени тројца директори.

ЗОО-Скопје неодамна го изгуби статусот на членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.

— реклама —

Кога зо Зоолошка раководеше Кристијан Стаменов беа заклани 10 коњи, со образложени дека се болни. Потоа беше поставен Драган Илиевски, а по него актуелниот, Зоран Попов. Во неговиот мандат угинаа и трите ретки пржевалски коњи, а сомнежите беа дека биле намерно отруени.

Одговорност за сите угинати егзотични животни не понесе ниту раководството на ЗОО, ниту градоначалничката Данела Арсовска која го назначува.

*видеото и фотографијата се замаглени бидејќи се вознемирувачки.

— реклама —

Ажурирано:

asgd

Слоницата била евтаназирана? ЗОО уште молчи додека јавноста - врие: Условите во кои живеат се бедни, најхумано би било да ја затвориме!

Слоницата во скопската Зоолошка градина била еутанизирана, а не угинала како што првично твдеа нашите извори, дознава „Скопје1“ од вработени во ЗОО. Тоа било направено по долга болест која слоницата ја имала, но не се знаат никакви детали за неа и лекувањето. Според неофицијални информации, бидејќи слоницата беше донација од Белгија, се чекале наоди и од таму, но непознато е кој и според кој прописи ја донел оваа одлука.Побаравме одговори од скопската ЗОО зошто ова се криеше од јавноста, а се до

Скопје | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library550viv0l2rf3a3QkB5L

Волци избегале од живеалиштето во ЗОО Скопје, усмртиле кенгури и ему птици

Скопје | пред 9 часа

— реклама —
media-library45v6ok2ior4c1Ucuk2i

Принова во Скопје ЗОО: Родени две бели волчиња

Скопје | пред 2 седмици

zooloska-majmun

Дури и од мајмун крадат: Луѓе ги украле половина од поклоните купени за Мики и неговиот роденден

Скопје | пред 3 месеци

media-librarypdk8711irmkmfnYLqZ9

(Фото) Четири години по спасувањето: Делфина и Мики во скопската Зоолошка се адаптираат на самостоен живот

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања