Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Слоницата била евтаназирана? ЗОО уште молчи додека јавноста - врие: Условите во кои живеат се бедни, најхумано би било да ја затвориме!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
asgd

Слоницата во скопската Зоолошка градина била еутанизирана, а не угинала како што првично твдеа нашите извори, дознава „Скопје1“ од вработени во ЗОО. Тоа било направено по долга болест која слоницата ја имала, но не се знаат никакви детали за неа и лекувањето. Според неофицијални информации, бидејќи слоницата беше донација од Белгија, се чекале наоди и од таму, но непознато е кој и според кој прописи ја донел оваа одлука.

Побаравме одговори од скопската ЗОО зошто ова се криеше од јавноста, а се дозна откако „Скопје1“ улови како мртвото тело на слоницата се изнесува рано наутро од нејзинот дом. Од едниот телефонски број оставен на веб-страницата за лице задолжено за односи со јавност добивме информација дека не е повеќе ангажирана таму, додека од другиот број немаме повратна информација.

И натаму чекаме и официјални одговори како ова животно било третирано, колку долго била болна, дали е направена обдукција, но и чија ќе биде одговорноста бидејќи ова е трето егзотнично животно, за една година, што угинува во зоолошката.

— реклама —

slonica-1

(Ажурирана) Вознемирувачко видео: Евтаназирана слоницата во ЗОО-Скопје: обид за тајно да се изнесе и однесе во Дрисла од директорот на Арсовска

Евтаназирана била слоницата во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според наши информации од ЗОО, и покрај тоа што евтаназирана се случило измиантиот ден, јавноста не беше известена, а постапката за исфрлање на телото во депонијата Дрисла - испланирано. Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ и тајно изнесување на слоницата.Од снимките на „Скопје1“ ќе видите како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, ко

Скопје | пред 1 година

На социјалните мрежи има куп реакции бидејќи слоницата не е прво животно кое угина, како што објави и „Скопје1“.

„Починала слоницата од Зоолошка. Пред неколку месеци жирафите. Угинале и тигрица, лемури, прежевалски коњи, црн лебед, пинвини, џуџеска коза… Зоолошката наша не можам ни да ја споредам со зоолошките во други земји. На друго место е забавно и едукативно да одиш во Зоо, кај нас само што ќе влезеш ти иде еден жал за животните помешан со смрдеа. Условите во кои живеат се бедни, најхумано би било да ја затвориме ако имаме малку емпатија за животните. Има таму луѓе што работат кои стварно се посветени на животните но џабе е таа посветеност и љубов кога на менаџерски позиции ставаат луѓе на кои ни кокошка не би им дале да ни ја причуваат. Па тајно ја ваделе слоницата и ја фрлиле во Дрисла. Тајно, демек никој нема да примети дека ја нема. Кај е слоницата? Ааа отиде во Африка кај братучетка и на свадба... све е тоа од наши пари, јавноста мора да знае што праите со парите во Зоо и за шо зимате плата. За криење мртов слон ви треба магија, а не да фрлите земја и со камион да ја однесете во Дрисла. Ојле дојле седнува на директорско место само за плата па после ништо не функционира. Некој треба да одговара за тоа што ни ја претстави Данче ко менаџер на универзумот“, напиша Ина Многуфина.

— реклама —

Куп реакции има и од граѓани, новинари, активисти...

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library550viv0l2rf3a3QkB5L

Волци избегале од живеалиштето во ЗОО Скопје, усмртиле кенгури и ему птици

Скопје | пред 10 часа

— реклама —
media-library45v6ok2ior4c1Ucuk2i

Принова во Скопје ЗОО: Родени две бели волчиња

Скопје | пред 2 седмици

zooloska-majmun

Дури и од мајмун крадат: Луѓе ги украле половина од поклоните купени за Мики и неговиот роденден

Скопје | пред 3 месеци

media-librarypdk8711irmkmfnYLqZ9

(Фото) Четири години по спасувањето: Делфина и Мики во скопската Зоолошка се адаптираат на самостоен живот

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања