Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Принова во Скопје ЗОО: Родени две бели волчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-library45v6ok2ior4c1Ucuk2i

Во Скопје ЗОО пристигна подмладок кај белите волци, откако семејството се збогати со две мали волчиња кои веќе го привлекуваат вниманието на вработените и посетителите.

— реклама —

Од Зоолошката градина информираат дека младенчињата сè уште се во најраната фаза од својот развој и најголемиот дел од времето го поминуваат во близина на својата мајка, која внимателно се грижи за нивната безбедност.

„Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа, токму како што тоа природно го прават и во дивината. Првите денови ги минуваат скриени и заштитени, а само повремено излегуваат надвор за кратко да го истражат просторот“, велат од Скопје ЗОО.

— реклама —

Фотографиите што ги објави Зоолошката градина се направени токму во такви ретки моменти, кога младенчињата љубопитно излегуваат од своето засолниште, по што повторно се враќаат во сигурноста покрај мајката.

— реклама —

Новите жители веќе предизвикуваат голем интерес кај љубителите на животните, а од Зоолошката градина најавуваат дека посетителите ќе можат да ги набљудуваат како растат и постепено стануваат сè поактивни во своето живеалиште.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library550viv0l2rf3a3QkB5L

Волци избегале од живеалиштето во ЗОО Скопје, усмртиле кенгури и ему птици

Скопје | пред 4 часа

— реклама —
zooloska-majmun

Дури и од мајмун крадат: Луѓе ги украле половина од поклоните купени за Мики и неговиот роденден

Скопје | пред 3 месеци

media-librarypdk8711irmkmfnYLqZ9

(Фото) Четири години по спасувањето: Делфина и Мики во скопската Зоолошка се адаптираат на самостоен живот

Скопје | пред 4 месеци

media-librarydettuoook9do03T9fRf

Најмалите мајмунчиња на светот со ново потомство во ЗОО Скопје

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања